Ќе се увезуваат работници: Туризмот и градежништвото се секторите кои најмногу „кубурат“ со кадар

64

Туризмот и градежништвото се секторите кои најмногу „кубурат“ со кадар и за кои земјава веќе размислува да увезува работна сила.

Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, „увозот“ на работна сила не е ништо ново и е процес кој одамна постои, само што сега за него се зборува отворено. Тоа е пракса, напомена Битиќи, во сите земји.

-Работниците „бегаат“ за повисоки просечни плати. Просечната плата кај нас стигна 550 евра, платата по која што одат да работат е 1100, а земјите од кои што најверојатно ќе доаѓаат тука работници за во рударство, градежништво, е просечна 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро, рече Битиќи како одговор на новинарско прашање.