Ќе се воведат ли електронски потврди за вакцинирање?

39

Светската здравствена организација (СЗО) не им препорачува на земјите да издаваат “имунитет пасоши“ на оние кои закрепнуваат од Ковид-19, туку размислува за воведување електронски потврди за вакцинирање како оние што ги развива во соработка со Естонија.

Естонија и СЗО во октомври започнаа пилот проект за дигитална потврда за вакцинирање или “паметни жолти картички“ во рамки на иницијативата Covax, чија цел е промовирање на вакцините против коронавирус во земјите во развој.

Почетокот на вакцинирање е поблизу бидејќи Велика Британија ја одобри вакцината на Pfizer, а компаниите Moderna и AstraZeneca побараа вонредно одобрение за регулаторите во САД и ЕУ.

“Интензивно размислуваме за тоа како да ја искористиме технологијата во одговор на пандемијата, а еден од начините е електронска потврда за вакцинирање“, рекол Сидарта Дата, шеф на програмата на СЗО за болести што може да се спречат со вакцинирање.

Естонија претходно оваа година почна да тестира “пасош за дигитален имунитет“ со којашто ќе се сладат луѓето кои закрепнуваат од Ковид-19 и имаат одреден имунитет, иако и понатаму е во прашање дали и колку се заштитени.

Фото: Freepik