Ќе се затвори најголемото наоѓалиште на гас во Европа?

115

Се очекува холандската влада да го затвори најголемото европско наоѓалиште на гас оваа година, и покрај несигурноста предизвикана од војната во Украина околу снабдувањето со гориво.

Ова го изјави директорот во заминување на компанијата „Shell Netherlands“, а наоѓалиштето за гас се наоѓа во близина на градот Гронинген, на северот од земјата.

Тоа наоѓалиште се експлоатира од 1963 година, но повеќе од 20 години тамошните 200.000 жители се изложени на сè посилни земјотреси поради „вакуумските џебови“ кои се создаваат со испумпување на природен гас, и затоа тоа наоѓалиште веќе се користи многу малку.

Холандија планираше да го затвори засекогаш во 2022 година, но го одложи поради геополитичката ситуација по конфликтот меѓу Русија и Украина.

Shell Netherlands и ExxonMobil  имаат еднаков удел во NAM, компанија за екстракција на гас од Гронинген од раните шеесетти години.

Конечната одлука на Владата на Холандија за затворање на тој депозит се очекува во јуни, но „тоа ќе зависи од меѓународната ситуација“.

Парламентарната комисија објави извештај во февруари во кој ја критикуваше холандската влада што не го затворила  и рече дека има морална обврска да ја поправи ситуацијата во Гронинген, каде што многу куќи беа тешко оштетени.

Фото: Facebook