Ќе се зголеми лимитот за поврат на ДДВ преку скенираните сметки

114

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска информира дека во наредниот период координирано со министерот за финансии, ќе поднесат предлог-измена на Законот за враќање на дел од ДДВ-то на физичките лица.

„Измената на Законот е со цел од наредната година од 1-ви јануари 2023 година, да се зголеми лимитот на повратот на ДДВ. Граѓаните наместо 1.800 денари за тримесечје, да можат да добијат максимални 2.100 денари за скенираните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“. Со ова даваме дополнителен стимул и кај граѓаните и кај компаниите“, објасни Лукаревска.