Ќе влијае ли американската инфлација врз Европа?

35

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард изјави дека забрзувањето на американската инфлација ќе има само ограничено влијание врз еврозоната.

Според нејзе, домино ефект може да се појави преку директни канали на увоз на производи од САД, но смета дека вкупниот ефект на инфлацијата од САД во еврозоната се очекува да биде “умерен“.

Ставот на Лагард ја покажува разликата во проценките на ЕЦБ и Федералните резерви на САД, коишто минатата недела признаа дека растот на цените може да биде побрз од она што претходно се очекувало, зголемувајќи ги прогнозите и очекувањата за раст на каматните стапки.

Лагард смета дека една од главните разлики меѓу САД и еврозоната е во тоа што закрепнувањето на САД од пандемијата е многу напредно одошто во блокот што го прифати еврото како заедничка валута.

Фото: Pexels