Универзитетот Кембриџ во Велика Британија распиша конкуст за “доктор по чоколадо” кој 3,5 години ќе го истражува овој производ во име на науката.
Кандидатите треба да имаат топ дипломи по физика, хемија или инженеринг, искуство со научни експерименти и да бидат добри математичари, пишува британски The Guardian.
Целта на проектот е да се открие како чоколадото да остане во цврста форма и да го зачува квалитетот при чување и продажба на места со топла клима.
На конкурсот можат да се пријават само кандидати од Европската унија.
Ако идниот докторант најде решение за овој проблем, десетте најголеми компании за производство на чоколадо ќе имаат можност да го зголемат својот профит, кој минатата година изнесуваше 85 милијарди долари.