Kenzo креираше футрола по нарачка за NEXUS 7

50

Во чест на Париската модна недела, светски познатиот бренд Kenzo и Google ги здружија силите за да презентираат футрола специјално дизајнирана за таблетот Nexus 7 од Google.

Kenzo-pouch-for-Google-Nexus-7-tablet-600x622 (1)

За возврат, интернет гигантот ќе ја прикаже во живо модната ревија на Kenzo на Google+ next во недела на 29 септември.

Шарената Kenzo торбичка е дизајнирана совршено да одговора на димензиите на таблетот Nexus 7. Направена е од PVC материјал и декорирана со лентички од есенската колекција на брендот. Внатрешноста е обложена со меко кадифе за дополнителна заштита на таблетот.

Футролата е во ограничен број и ќе може да се купи од следниот месец во e-бутиците на Kenzo по цена од 115 долари.