Куќата Keret во Варшава, Полска,важи за најтесната куќа во светот, пишува Domain.
Нејзин сопственик е израелскиот писател Етгар Керет и тој одлучува кој ќе престојува во неа. Куќата најчесто ја изнајмува на уметници во период од најмногу три недели. Најширокиот дел на градбата е 122, додека најтесниот изнесува 92 сантиметри.
Дизајнот на куќата е направен од страна на Јакуб Жесни во соработка со Полската фондација за модерна уметност.
Платформите со различна намена се поврзани со скали. Освен простор за јадење и спиење, куќата има и бања и домашна канцеларија. Пред да биде изградена во празен простор помеѓу две згради, истиот се користел за оставање на отпад и стар мебел.