
„Керинг“ е во преговори за продажба на својот бизнис за козметика на „Лореал СА“ во договор вреден околу 4 милијарди евра (4,7 милијарди долари), според извори запознаени со ситуацијата, бидејќи новиот извршен директор Лука де Мео се обидува да ја сврти среќата на луксузниот гигант.
Договорот би можел да биде објавен уште следната недела, иако преговорите сè уште би можеле да пропаднат, рекоа изворите, кои побараа да не бидат именувани бидејќи информациите се приватни.
„Керинг“ одби да коментира, додека „Лореал“, кој е сопственик на „Гарние“ и „Мејбелин Њујорк“, не одговори веднаш на барањето за коментар. Разговорите претходно беа објавени од „Волстрит џурнал“.
Потенцијалната продажба на бизнисот за козметика на „Керинг“ би бил првиот стратешки потег на де Мео, бидејќи се соочува со пад на побарувачката од Кина и заканата од повисоки американски царини. Се очекува извршниот директор, кој ја презеде функцијата минатиот месец од Франсоа-Анри Пино, да ја претстави својата стратешка визија следната пролет.
Порано оваа година, Пино објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор по серија предупредувања за профит во луксузната група основана од неговиот татко Франсоа Пино. Пино се мнозински акционери на Керинг со 42% удел и 59% од правото на глас.











