
Сивата економија ѝ јаде на државата над половина милијарда евра годишно и никако да се симне под 30 отсто. Според проценките, меѓу 20 и 35 проценти од БДП се генерираат во неформалната зона, а практиката на плаќање во готово без издавање фискална сметка останува еден од главните механизми за избегнување даноци и нелојална конкуренција на пазарот. Граѓаните потврдуваат дека се условени од трговците за да добијат попуст без фискална мора да платат кеш.
Експертите посочуваат дека проблемот не е само во неиздавањето фискални сметки и „платата во плик“, туку во системската зависност од кеш трансакции, кои овозможуваат прикривање на реалниот промет.
-Сивата економија во државата изнесува преку 35 отсто. Не се работи само за неиздавање на фискални сметку, туку проблемот е системски. Фискални сметки не издаваат само малите трговци, туку и големите трговци. Така на пример еден голем трговец кој прави три милијарди годишен промет една милијарда му е во готово. Тоа се мултиплицира надолу, односно врз придонесите, даноците…, изјави за „Локално“, Драган Митковски, претседател на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.
Тој смета дека државата треба да го намали плаќањето во кеш за сметка на плаќање со картички, но проблем е што банките наплаќаат провизија за секоја трансакција и затоа сè уште царува кешот.
Цеиот текст на Локално.мк











