Кевин Ворш: Инфлацијата во САД не забавува доволно, Федералните резерви сè уште се подготвени да дејствуваат

Претседателот на Федералните резерви на САД, Кевин Ворш,  во Џексон Хоул изјави дека инфлацијата во Соединетите Американски Држави не се забавува со посакуваното темпо и дека Федералните резерви ќе мора да преземат дополнителни мерки ако не се убедени дека потрошувачките цени се движат кон целта од два проценти.

Во својот прв голем говор откако ја презеде функцијата претседател на Федералните резерви во мај, Ворш рече дека централната банка мора да биде сигурна дека основната инфлација се движи доволно брзо кон целта од 2 проценти, која ја опиша како „цврста и непроменлива“.

Ако тоа не е случај, како што изјави, Федералните резерви „имаат уште работа“ пред себе, објавува Блумберг.