
Фото: KeySmart
KeySmart е практично решение за организирање и чување на клучеви. Малиот уред може да смести и до 14 клучеви одеднаш и да овозможи корисникот веднаш да го најде потребниот клуч, пишува Mashable.
Организаторот на клучеви е направен од нерѓосувачки челик и алуминиум што се користи за изработка на авиони, што истовремено го прави издржлив, но и многу лесен.
KeySmart има и приврзок, па може да се стави и на клучот од автомобилот. Направата е паметно решение за сите оние на кои големиот број на клучеви по џебовите им пречат во секојдневните активности.













