Keyto – мини направа за ефикасно согорување на калории

65

Keyto е мала направа, мерач, којшто дава увид во функционирање на метаболизмот и базирајќи се на резултатите изготвува план за оброци и останати корисни совети за здравјето на корисникот. Се базира на популарната Кето диета со којашто се губат килограми, при што корисникот се воздржува од јаглехидрати, а внесува повеќе масти и протеини.

Мерачот користи специјален наносензор на база на ацетон и го поедноставува следењето на процесот на кетоза во три чекори. Доволно е само еден здив и мобилната апликација му покажува на корисникот што следно треба да направи за поефикасни резултати. Така можат да се изгубат килограми, да се зајакне мускулатурата и да се зголеми енергијата.

Производот има кампања на платформата Indiegogo којашто трае уште еден месец. Првите испораки се очекуваат во јануари.