Kežmarské Hut – футуристички начин на зимување

27

1413362118106_wps_14_A_Surreal_Otherworldly_CuНа прв поглед изгледа како коцка фрлена во снегот, но тоа всушност е интересен футуристички дизајн на ски – мотел.

Чешката фирма Atelier 8000 го осмисли овој неверојатен концепт дизајн на зимско одморалиште, направено од алуминиум стакло и сончеви панели.

Најинтересно од се е што оваа коцка може да ротира на еден од своите краеви.

Зданието е планирано да се изгради на Високите Татри, дел од планински венец Татри кој се протега на границата помеѓу Словачка и Полска.

Самата форма на мотелот овозможува искористување на сончевата енергија до максимум, преку панелите.

Совршена за вљубениците во зимските спортови, пет катната зграда вклучува простор за чување на ски опрема, два ката за гости, соба за медитација на најгорниот кат и ресторан.

1413362148131_wps_21_A_Surreal_Otherworldly_Cu 1413362167388_wps_27_A_Surreal_Otherworldly_Cu 1413362158219_wps_24_A_Surreal_Otherworldly_Cu 1413362175253_wps_28_A_Surreal_Otherworldly_Cu (1) 1413362109457_wps_13_A_Surreal_Otherworldly_Cu