Синџирот за брза храна, Kentucky Fried Chicken (KFC) претстави гејмерска конзола што загрева пилешко месо. Конзолата на KFC наречена KFConsole е дел од партнерството со производителот на хардвер Cooler Master.
Новиот уред ја содржи првата вградена комора за загревање пилешко месо во светот, со цел додека се забавувате да ви го чува мезето топло. Благодарение на посебниот систем, храната ќе се одржува на одредена температура користејќи ја топлината која се создава од хардверските компоненти за време на играњето.
“Оваа машина ќе овозможи одлична игра и ќе ви ја загрева храната додека вие уживате. Ако Sony или Microsoft сакаат да знаат како да постават комора за пилешко месо во нивните конзоли, нека не контактираат“ изјавија од KFC.
Нема податоци за тоа кога заинтересираните ќе можат да го купат овој кулинарско – гејмерски хибрид, а се претпоставува дека и цената ќе биде висока.
Фото: Facebook