КХВ даде согласност за преземање на 50,01% од акциите на Единство од Струмица

26

edinstvo-strumica

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на Единство АД Струмица.

Понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од Единство АД Струмица, коишто претставуваат 50,01% од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 303 денари по акција.

Најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна изнесува 25,03% од вкупниот број на обични акции, со право на глас издадени од Единство АД Струмица. Во понудата се наведува дека преземачите Димитар Поповски и Иљо Кузманов би поседувале 75,02% од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од Единство АД Струмица.

Понудата за преземање во име и за сметка на преземачите ја дава Одделот за работа со хартии од вредност при ТТК Банка АД Скопје.