КХВ донесе одлука за трајно исклучување на Пеон Брокер АД Скопје од членство

23

g_berza-makedonska-486x272 Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ), трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје.
Одземањето на дозволата е на барање на брокерската куќа, а врз основа на Одлуката за престанок со работа Пеон Брокер АД Скопје, донесена од страна на Собранието на акционери.
Со трајно одземање на дозволата за работа на Пеон Брокер АД Скопје се отвораат условите за ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата за хартии од вредност ќе поведе постапка пред надлежниот суд.
Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ја задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа Пеон Брокер АД Скопје.