Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и одобрени на Алфа банка АД Скопје да издаде десетта емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Сопред КХВ станува збор за 2.562 обични акции со вкупен износ од 307.440.000,00 денари. Емисијата ќе се реализира со нови парични влогови од страна на единствениот акционер Alpha Bank А.Е Република Грција, како институционален инвеститор. Ова ќе се одвива заради зголемување на основната главнина, како и обезбедување оптимална адекватност на капиталот на Банката.
Исто така КХВ донесе решение со кое на Градежен Институт Македонија АД Скопје му се ограничува правото на глас и на дивиденда на 57.422 обични акции со право на глас на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје кои Градежен Институт Македонија АД Скопје ги стекнал спротивно на Законот за преземање акционерски друштва.
Овие акции на Градежен Институт Македонија АД Скопје, му носат учество во правото на глас повеќе од 25%. Комисијата за хартии од вредност го задолжи Градеженниот Институт да ги понуди на продажба акциите на кои им е ограничено правото на глас и на дивиденда во рок не подолг од 90 дена. Откако Институтот ќе постапи по ова решение, ќе продолжи постапката за преземање на Фабрика Карпош АД Скопје, која е веќе започната од овој понудувач.