КХВ одобри емисија на акции преку приватна понуда на Кроација Осигурување за неживотно осигурување

71

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје му се дава одобрение за издавање на четврта емисија на акции по пат на приватна понуда.

Со четвртата емисија на акции, Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје ќе издаде 5.800 обични акции со продажна цена по акција од 100 евра, која е еднаква на номиналната. Па оттаму, вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 580.000 евра, односно 35.716.226 денари.

Четвртата емисија на акции на Кроација Осигурување АД Друштво за неживотно осигурување Скопје се врши со зголемување на основната главнина на друштвото со нови парични влогови, а заради зајакнување на капиталот на Друштвото и усогласување со одредбите од Законот за супервизија на осигурување. Акциите се наменети за познат купувач – институционалниот инвеститор Кроација Осигурување АД Друштво за осигурување на живот Скопје.

Фото: Freepik