КХВ одобри издавање долгорочни хартии од вредност на Иново Статус АД Скопје

84

Komisija-za-hartii-od-vrednost Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со третата емисија, Иново Статус АД Скопје ќе издаде 35.000 обични акции, со уплата на нови парични влогови, а заради зголемување на основната главнина. Номиналната вредност по акција е едно евро.
Акциите се наменети за познат купувач и тоа за единствениот акционер Еј си ем консулт ЕООД, Софија, Република Бугарија.
Третата емисија се врши заради адекватност на капиталот и за непречено вршење на редовното работење на Иново Статус АД Скопје.