
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија предупредува дека во јавноста се споделува лажен документ со назив „Овластување за трговија – трговец поединец“, на кој неовластено се користат називот и логото на инстутуцијата, како и лажни потписи на претседателот и на внатрешниот комисионер.
КХВ нагласува дека не го издала предметниот документ и дека не постои законски основ за исправа со ваков назив и содржина. Потписите наведени во документот се невистинити.
Граѓаните се повикуваат да бидат особено внимателни кога преку социјалните мрежи, електронската пошта, телефонски повици или други канали им се нуди инвестирање или од нив се бара уплата на парични средства и лични податоци.
Кои учесници на пазарот на хартии од вредност се овластени да даваат инвестициски услуги во Република Северна Македонија може да се провери во официјалните регистри на КХВ, објавени на веб-страницата www.sec.gov.mk.














