КХВ трајно и ја одзеде дозволата на Алта Виста Брокер

29

image0013 Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) по барање на брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје, трајно и ја одзеде дозволата за вршење услуги со хартии од вредност.
Како што инфомираше КХВ, одземањето на дозволата е поради донесена Одука за престанок со работа на Алта Виста Брокер АД Скопје од страна на Собранието на акционери на брокерската куќа.
Со трајното одземање на дозволата за работа Алта Виста Брокер АД Скопје се исполнуваат условите за отворање ликвидација на боркерката куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Согласно Законот за хартии од вредност, Комисијата ќе ги задолжи Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа Алта Виста Брокер АД Скопје