КХВ: Успешна заедничката понуда за преземање на акциите на Агрокуманово

27

agrokumanovo

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 84-тата седница донесе Решение со кое се утврдува за успешна заедничката понуда за преземање на акции  издадени од Агрокуманово АД Куманово, а дадена од Метал – Нет ДОО увоз – извоз Куманово и Квалитет – Пром ДООЕЛ Куманово.

“Врз основа на оваа понуд , преземачите се стекнаа со вкупно 14.702 обични акции  и заедно со 10.756-те акции што веќе ги поседуваа, располагаат со вкупно 25.458 обични акции. Ова претставува учество од 99,62% од вкупниот број на обични акции издадени од Агрокуманово АД Куманово. На овој начин Метал – Нет ДОО увоз – извоз Куманово и Квалитет – Пром ДООЕЛ Куманово го исполнија условот за најмалата количина на обични акции издадени од Агрокуманово АД Куманово којашто требаше да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна. Преземачите се обврзаа да ги откупат сите хартии од вредност издадени од Агрокуманово АД Куманово по цена од 2.190 денари на кои се однесуваше понудата“, се вели во соопштението на КХВ.