Kia и Hyundai од 2019 година ќе имаат виртуелни асистенти во своите возила

48

30715-hyundaiintelligentpersonalagentcockpit1

Фото: Hyundai

Возилата произведени од корејските автомобилски компании Hyundai и Kia ќе имаат вградени виртуелни асистенти од 2019 година, пишува Engadget.

Hyundai соопшти дека работат со компанијата SoundHound за да создадат интелигентен личен асистент што ќе дава проактивни предлози (како потсетување за состанок). Исто така, ќе предложува дестинации врз основа на она што е следно во календарот на корисникот или претходни параметри и избори. Тестирањето на асистентот во автомобилите и на патиштата ќе започне во 2018 година.

Интелигентниот персонален асистент ќе биде промовиран на претстојниот Consumer Electronics Show (CES) што ќе се одржи од деветти до 12 јануари во Лас Вегас.