Kia се држи до својата цел од 1,6 милиони електрични возила до 2030 година

73

Јужнокорејскиот производител на автомобили Kia очекува предизвикувачки услови на пазарот во блиска иднина делумно поради владините политики, но ќе се држи до својата цел да продава 1,6 милиони електрични возила годишно до 2030 година, изјави Кевин Ан, претседател и извршен директор на Kia Asia Pacific.

„Не ја туркаме количината на пазарот. Особено оваа година, пазарот се менува многу брзо и има толку голема неизвесност. Но, нашата долгорочна цел е 1,6 милиони електрични возила до 2030 година. Ќе има некои потешкотии на патот до таму, некои количини ќе се намалат поради пазарните услови и владината политика“, рече Ан, според Ројтерс.

Ан одби да го коментира влијанието на вкупниот пазар на увозните тарифи до 45 отсто наметнати од Европската унија за електричните возила од кинеско производство или изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

„Неодамна САД ги завршија своите избори и има големи промени, очекувања. Значи, прерано е да се зборува за такви прашања“, рече Ан, додавајќи дека Kia планира да склопува електрични возила во својата фабрика во американската сојузна држава Џорџија.

Производителите на автомобили се подготвуваат за новоизбраниот претседател Трамп да воведе нови тарифи за возилата од Мексико и потенцијално други земји и да повлече многу постоечки политики насочени кон електричните возила.

Kia започна со производство на електрични возила во Кина оваа година, а планира да произведува мали електрични возила во Европа, рече Ан. Kia, потсетува Reuters, е подружница на сонародникот Hyundai Motor.

  • ОЗНАКИ
  • Kia