Kiddo – уред за следење на здравјето на децата

26

kido

Фото: Kickstarter

Старт – ап компанија Good Parents Inc направи уред којшто го следи здравјето, активноста, количеството сон на децата. Kiddo, освен што им помага на родителите да го следат здравјето на децата, исто така ги поттикнува децата да бидат активни и здрави.

Kiddo лентата е опремена со сензори за следење на различни витални знаци, вклучувајќи сензор за срцето, потење, температура. Поврзан преку мобилна апликација уредот на родителите им дава увид за благосостојбата на детето од неговата температура до физичка активност.

Уредот е идеален за деца на возраст од три до 10 години. Направен е од неалергиски материјали и не испушта штетни зрачења.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 25.000 долари. До крајот на кампањата има уште 36 дена, а досега се собрани 39.639 илјади долари.