Кијосаки: Не купувам злато затоа што го сакам, туку го купувам затоа што немам доверба во ФЕД

160

Американскиот бизнисмен Роберт Кијосаки, кој со години дава мрачни прогнози за пазарот, уште еднаш ја нарече глобалната економија „најголемиот балон во светската историја“.

Кијосаки, коавтор на бестселерот „Богат татко, сиромав тато“, ги повика инвеститорите во овој контекст да се ослободат од средствата што ги поседуваат во хартии од вредност.

Тој ги советуваше „да се држат за своите пари“, истакнувајќи дека многумина знаат дека тој самиот не инвестира во акции, обврзници или фондови со кои се тргува на берзата.

Кијосаки верува дека благородните метали треба да се гледаат како заштита од инфлација и турбуленции на пазарот, наведувајќи дека нивната вредност е постабилна, иако не е целосно имунa на економската несигурност.

– Не купувам злато затоа што го сакам, туку го купувам затоа што немам доверба во ФЕД (Бордот на американските федерални резерви) – изјави Кијосаки во едно од интервјуата минатата година, потсетува РТ.