Килограм бел ориз во Јапонија над четири, во Шри Ланка пола евро

280

Еден килограм бел ориз во маркет во Јапонија чини 4,34 евра (што е најскапо во светот), додека во Шри Ланка за истата количина се плаќа 0,51 евра (што е најевтино во светски рамки), покажуваат податоците на Numbeo.

Меѓу земјите каде што оваа житарка е најскапа се и: САД (3,51 евра), Јужна Кореја (3,17 евра), Канада (2,77 евра) и Тајван (2,74 евра).

Од земјите во регионот, највисока цена за килограм бел ориз плаќаат жителите на Словенија – 1,62 евра. Потоа следуваат Грција и Хрватска со просечна цена на килограм ориз од околу 1,50 евра. Поскап ориз од кај нас има и во: Црна Гора (1,16 евра), Бугарија (1,10 евра), Албанија (1,01 евра), Босна и Херцеговина (0,99 евра) и Србија (исто толку -0,99 евра). Македонија е 68-ма во светот со просечна цена на килограм бел ориз од 0,94 евра.

Освен во Шри Ланка, најевтин ориз се продава и во: Тунис (0,58 евра), Бангладеш (0,58 евра), Египет (0,65 евра) и Индија (0,65 евра).

Фото: Pixabay