Килограм од увоз за секои откупени три килограми домашна пченица

45

pcenica2-500x272Според одлуката на Владата увозот на меркантилна пченица ќе се поврзува со извршен откуп на пченица од родот во 2013 година од домашното производство.

Согласно одлуката, за увезен еден килограм пченица ќе треба да се откупат три килограми домашна пченица, а за еден килограм увезено брашно ќе се откупуваат четири килограми од пченицата од домашно производство.

Мерката важи од датумот на излегување на Одлуката во Службен весник на Република Македонија, а истата ќе се применува до 31 декември 2013 година.

Како што образложуваат од Владата, оваа мерка се воведува во согласност со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој за заштита на пазарот на меркантилна пченица и брашно од пченица и превенирање на опасност од сериозни нарушувања на пазарот со овие производи кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика.

Мерката има за цел да овозможи постигнување на редовниот пазарен еквиблириум меѓу понудата, односно очекуваното производство и количествата увезена пченица и брашно од една, и вкупната побарувачка на пченица, од друга страна.

Како резултат од воведување на мерката се очекува непречено одвивање на откупот на основниот прехрамбен производ за населението на земјата, пченицата од годинешната реколта.