Кина бара од САД да ги укинат санкциите

70

Кинеските власти ги повикаа САД да ги укинат едностраните санкции за кинеските компании, пред можната посета на американската министерка за трговија Џина Раимондо.

„САД сериозно ги оштетија интересите на кинеските компании“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Шу Јуетинг, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Кина е цврсто против тоа и го повика Вашингтон веднаш да престане со „неразумното задушување на кинеските компании и да ги повлече едностраните санкции против нив“.

Одговарајќи на прашање за можна посета на американскиот министер за трговија, Шу рече дека Кина е отворена за таква посета и дека е во комуникација со САД по тоа прашање.

„Кина ќе остане посветена на решавање на економските и трговските проблеми преку комуникација и дијалог, а истовремено ќе промовира конструктивна и практична соработка“, посочи Шу.