Кина дава 10-годишни визи за топ таленти

20

kina

Фото: Pexels

Кина издава долгорочни визи со цел да привлече висококвалификувани луѓе од странство за да работат во земјата. Овие визи ќе важат од пет до 10 години, пишува BBC.

Тие имаат за цел да го прошират бројот на странски специјалисти кои работат во Кина, особено во областите како што се наука и технологијата.

Кина постави цели за економски и социјален развој, а регрутирањето на експерти е клучно за остварување на плановите.

Апликациите за визи може да се направат онлајн, не се наплаќаат и ќе бидат обработени брзо, соопшти кинеската влада.