
Авиокомпанијата „Рајанер“ откажува седум линии на територијата на поранешна Југославија за летната сезона 2027 година, а одлуката ќе влијае на патниците во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Одлуката доаѓа во време кога компанијата го намалува капацитетот на своите бази низ Европа, а воедно најавува и нова линија помеѓу германскиот аеродром Фридрихсхафен и Задар, која треба да сообраќа двапати неделно од 3 мај 2027 година.
Во Ниш, „Рајанер“ веќе претходно посочи дека не очекува враќање во текот на летната сезона 2027 година, иако ја остави отворена можноста летовите да бидат обновени.











