
Руското дизел гориво понекогаш влегува на европскиот пазар под различни брендови, и покрај ограничувањата за купување на нафтени деривати од Русија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.
Одговарајќи на новинарско прашање, за можните европски купувања на руски гас од друга земја, рускиот вицепремиер го даде примерот со руското дизел гориво.
„Ваквите случаи се можни бидејќи Европа ја забрани купувањето на руска нафта и нафтени деривати, но гледаме дека рускиот дизел понекогаш се појавува во Европа под различни брендови“, објасни Новак.











