
Кинеската државна новинска агенција Xinhua претстави виртуелен телевизиски водител, чиj глас, израз на лицето и движењата се идентични со оние на луѓето. Покрај тоа, овој виртуелен спикер може сам да реагира на видео снимки во директен пренос и да чита текстови како вистински професионалец, пишува South China Morning Post.
Овој водител ќе биде полноправен член на екипата на Xinhua, а создадени се две верзии за програми на англиски и кинески јазик. Засега водителот создаден од вештачка интелигенција е достапен на интернет и мобилните платформи на државната новинска агенција на Кина, апликацијата WeChat, како и на онлајн телевизискиот канал.
Зад оваа технолошка иновација стои агенцијата Xinhua заедно со компанијата Sogou.com.













