Кина е глобален лидер во производството и продажбата на електроника

13

Кина е на прво место во светот во производството и продажбата на електроника за широка потрошувачка благодарение на подобрените капацитети за иновации и градење брендови на земјата, соопшти  Министерството за индустрија и информатичка технологија.

Кина останува важна глобална производствена база за електронски производи за широка потрошувачка, привлекувајќи ги најголемите светски производители на електронска опрема да основаат производствени бази и центри за истражување и развој, рече претставникот на министерството Су Венли на прес-конференција, пренесе Ксинхуа.

Министерството ќе го забрза одгледувањето на пионерските и стожерните индустрии во секторот и ќе го промовира развојот на следната генерација аудио-визуелна технологија и индустријата за виртуелна реалност, рече Су.

Исто така, ќе се направат напори за зајакнување на надградбата на индустриските синџири на содржина, компјутери, складирање и прикажување, меѓу другото, рече Су, повикувајќи на интеграција и иновативен развој на нови технологии во клучните индустрии за да се стимулира потрошувачкиот потенцијал на информатичката индустрија.