Кина е најголемиот трговски партнер на ЕУ, ги престигна САД

58

Во вториот квартал од оваа година, ЕУ извезе повеќе стоки во земји надвор од Унијата отколку во првиот квартал од 2019 година, според најновите податоци на Евростат. 

Најголемиот трговски партнер на ЕУ во вториот квартал беше Кина, која ги престигна САД.

Во периодот помеѓу првиот квартал од 2019 година и вториот годинава, учеството на увозот од Кина се зголеми за четири проценти. ЕУ, исто така, бележи зголемување на увозот од Швајцарија за околу 0,7 проценти. Во истиот период, увозот од Обединетото Кралство, Русија и САД се намали за 3,4 проценти, 1,1 и еден процент.