Електрана во кинескиот град Луојанг во провинцијата Хенан започна да користи стари банкноти за производство на електрична енергија, јавуваат тамошните медиуми.
Електраната како погонско гориво ќе користи стари и оштетени банкноти, а од еден тон стари јуани може да се произведат повеќе од 600 kWh електрична енергија и е еколошки поприфатливо од јагленот.
Народната банка на Кина дала дозвола за користење на овие банкноти и образложила дека станува збор за ефикасен начин за производство на електрична енергија. Неискористените хартиени пари од провинциите се доволни за годишно производство на 1,32 милиони kWh електрична енергија, за што инаку би биле потребни 4.000 тони јаглен.