Кина ги проширува ограничувањата за патување за семејствата на водечките експерти за вештачка интелигенција

Кина ги прошири ограничувањата за патување во странство за водечки експерти за вештачка интелигенција (ВИ) во приватни компании и членовите на нивните семејства, како дел од напорите за спречување на протокот на клучни технолошки знаења и информации.

Владините институции почнаа да ги известуваат некои високо рангирани вработени во секторите за ВИ и полупроводници дека нивните најблиски членови на семејството, вклучувајќи ги сопружниците и децата, мора да добијат одобрение од кинеските власти пред да патуваат во странство, дури и за кратки патувања, според неименувани извори запознаени со ова прашање за Блумберг.

Мерките се однесуваат на индивидуални основачи на технолошки стартапи, менаџери на стратешки важни компании и други експерти чија работа се смета за значајна за националната безбедност.