Кина го доби најдолгиот и највисокиот мост во светот

47

Zhangjiajie-Grand-Canyon-ConstructionДолго очекуваниот стаклен мост во Кина, воедно највисок и најдолг во светот, конечно беше официјално отворен за посетители, пишува BBC.

Импресивниот мост поврзува две планински карпи познати под името Аватар, токму поради филмските сцени од истоимениот филм коишто беа снимени таму. Градбата се наоѓа во провинцијата Хунан во централна Кина. Мостот беше комплетиран во декември 2015 година, неговата должина изнесува 430 метри, висина 300 метри, широк е шест метри, а цената за неговата изградба чинеше 3,4 милиони долари.

Поплочен е со 99 трослојни проѕирни стакла, а е дело на израелскиот дизајнер Хаим Дотан кој веќе има поставено неколку рекорди во областа на дизајнот и градежништвото.

За да се тестира неговата безбедност, претходно беа извршени низа тестови со кршачи за мраз и автомобили полни со патници и беше потврдено дека мостот е целосно безбеден за сообраќај. Дневно по него ќе можат да поминат максимум 8.000 посетители.
UG3300maxresdefault