Кина објави дека на рударските компании на почетокот на годината ќе им овозможи вадење на значително поголеми количества на ретки минерали во рамки на годишната квота отколку на почетокот на минатата година.
Во првиот циклус на компаниите ќе им биде одобрено вадење на 100.800 тони ретки материјали, за петина повеќе отколку на почетокот на 2021.
Кинеското министерство за индустрија и информациски технологии и министерството за природни ресурси одредија и квота за топење и издвојување на ретки материјали од 97.200 тони, што е исто така за 20 отсто повеќе отколку во истиот минатогодишен период.
Квотите ќе бидат распоредени меѓу четирите водечки рударски компании.
Кина е доминантен светски произведувач на ретки минерали, групата од 17 минерали кои се користат во електричните возила, потрошувачката електроника и воената опрема.