Кина го претстави својот прв патнички авион – C919

3

commercial aircraft corp of china comac c919 airplane (1)Кинеската компанија Commercial Aircraft Corp. of China (COMAC) го претстави својот прв патнички авион, C919, во хангар близу меѓународниот аеродром во Пудон, Шангај.

Триесет и девет метарскиот авион којшто може да смести 168 патници се изработуваше повеќе од една година, пишува Bloomberg.

Иако C919 е направен во Кина, за неговата изработка многу придонесоа и странски компании обезбедувајќи разни системи и мотори. Една од нив CFM International, заедничка фирма на General Electric од САД и француската компанија Safran.

Изработката на авионот почна уште во 2008, а беше планирано да полета во 2014. Плановите не се остварија поради застој во производството, па првиот лет сега се очекува во 2016 година.

Компанијата веќе има нарачки за 517 авиони, речиси сите од домашни купувачи. Во план им е да изработат поголем авион C929, во соработка со руската United Aircraft Corp.

comac commercial aircraft corp. of china c919 airplane

Фото: Reuters/China Daily