Кина го создаде најголемиот амфибиски авион

82

china-ag600-1Најголемиот амфибиски авион во светот, AG600, дело на кинеската државна авиокомпанија AVIC, е подготвен за своето прво патување, пишува New Atlas. Голем е колку еден Boeing 737 и ќе се користи за гаснење на пожари во шуми и спасување на луѓе во тешко достапни места.

Авионот е долг 37 метри, а распонот на крилјата изнесува 38,8 метри. Леталото ќе може да полетува и слетува на копно и вода, а ќе му биде потребна површина од најмалку 1.500 метри должина, 200 метри широчина и 2,5 метри длабочина. Достигнува брзина од 500 километри на час, има носивост од 59 тони и може да лета 12 часа без престан. Авионот, којшто се изработуваше седум години, може да пренесе 50 луѓе одеднаш.

Од AVIC велат дека AG600 е првично наменет за домашниот пазар и досега има 17 нарачки.