Кина гради 229 проекти за патна инфраструктура во должина од 9.645 километри

71

Во Кина, во првите девет месеци од оваа година, започнати се градежни проекти на 299 нови автопати и национални и провинциски експресни патишта со вкупна должина од 9.645 километри, покажуваат податоците на Министерството за транспорт на Кина, пренесува China Media Group (CMG ).

Во изградбата на споменатите проекти се инвестирани 882,6 милијарди јуани (околу 123 милијарди американски долари), рече Гу Жифенг, претставник на Министерството на прес-конференција во понеделникот.

Само во септември беа започнати 34 големи проекти за патна инфраструктура, рече Гу, додавајќи дека инвестициите во септемвриските проекти изнесуваат вкупно 385,3 милијарди јуани, што е за 277 отсто повеќе од претходниот месец.

Функционерот рече дека Министерството ќе продолжи да ги зголемува напорите за зголемување на ефикасноста на инвестициите и забрзување на реализацијата на голем број значајни проекти за патната инфраструктура, со цел клучните проекти подобро да ја одиграат својата улога во стабилизирањето на економските текови.

Благодарение на забрзувањето на изградбата на капацитети за полнење електрични возила, инсталирани се вкупно 16.721 полначи на 3.974 постојки за одмор низ Кина, соопшти Министерството за транспорт на Кина.