Кина гради систем за вештачки дожд три пати поголем од Шпанија

24

water-464953_960_720Фото: Pixabay

Кина развива систем што ќе придонесе за повеќе врнежи на територијата на Тибет, пишува Scmp. Станува збор за врвна технологија чијашто задача ќе биде да ја снабди оваа огромна површина со потребната количина на дожд што многу ретко ја добива.

Системот за модификација на временските услови вклучува огромна мрежа на печки за согорување коишто ќе бидат инсталирани на Тибетските планини. Тие, според креаторите на проектот, ќе ги зголемат врнежите од дожд за 10 милијарди метри кубни годишно.

Десетици илјади печки ќе бидат соодветно поставени низ одбрани локации на Тибет за да произведат дожд што ќе задоволи површина од 1,6 милиони километри квадратни или три пати поголема од територијата на Шпанија.

Тие ќе согоруваат цврсто гориво за производство на сребро-јодид, агенс за “сеење“ на облаци со кристална структура слична на мраз. Мрежата од печки ќе може да работи и неколку години без потреба од одржување.

Комуникациските и останатите електронски  уреди ќе работат на сончева енергија, а печките ќе се управуваат со апликација на смартфон на далечина од илјадници километри преку сателитски систем за временска прогноза.

Системот го развива кинеската корпорација China Aerospace Science and Technology.