Кина и Бразил имаат “најзелени“ централни банки во светот

25

Кина и Бразил имаат “најзелени“ централни банки во светот и ги надминаа најбогатите земји со конкретни мерки, како што се пониски каматни стапки за проекти што се борат против загадувањето.

Според здружението Positive Money, избрани се централните банки врз основа на нивниот ангажман во борба против климатските промени, а тестот го поминел само централните банки на Кина, Бразил и Франција.

Резултатите можеби се изненадувачки, бидејќи Кина, којашто добила највисока оценка, важи за еден од најголемите загадувачи во светот, а Бразил е цел на остри критики поради уништување на амазонските прашуми.

Авторите на студијата сметаат дека креаторите на финансиски политики од двете земји во исто време повлекле конкретни чекори за заштита на животната средина.

Првата “зелена“ иницијатива на Народната банка на Кина датира од 1995-та година и оваа централна банка нуди поевтини кредити за еколошки прифатливи проекти.

Бразил се истакнува со ограничување на финансирање на земјоделските површини во Амазонија и други региони.

Фото: Pexels