Кина и Русија тргуваат сè повеќе

26

Вкупната трговија на Кина со Русија се зголеми за повеќе од 12 отсто во март во однос на претходната година во доларска вредност, продолжувајќи го претходниот нагорен тренд.

Вредноста на вкупниот извоз и увоз меѓу Кина и Русија минатиот месец се зголеми за 12,76 отсто на 11,67 милијарди долари, додека во првиот квартал забележа раст од 30,45 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на кинеската царина, пренесува Ројтерс.

Неколку недели пред рускиот напад на Украина, Москва и Пекинг најавија партнерство „без ограничувања“.