Кина и Русија велат “збогум“ на доларот

192

Русија и Кина се префрлаат на плаќање во национални валути за снабдување со енергија, најави вицепремиерот на Русија, Александар Новак.

„За испорачаните енергетски ресурси, се префрламе на пресметки во национални валути, рубљи и во јуани. На пример, плаќањето за испорачаниот гас меѓу Газпром и Кина се врши на паритетна основа во рубли и јуани“, изјави Новак за телевизијата Русија 24.

Како што додаде, Русија и Кина активно се префрлаат на плаќање во национални валути за испорака на нафта и нафтени деривати.

Новак нагласи дека Кина е стратешки партнер на Русија во азиско-пацифичкиот регион и воопшто во руската трговија и дека трговскиот промет меѓу двете земји во енергетскиот сектор е значително зголемен – за 64 проценти изразен во пари и за 10 проценти во физички обем.

Новак најави дека Русија и Кина наскоро треба да потпишат меѓувладин договор за испорака на дополнителни 10 милијарди кубни метри гас за Кина преку далечната источна рута. Земјите ги продолжуваат и преговорите за реализација на проектот за испорака на гас преку гасоводот Моќта на Сибир 2.