Кина има амбициозен план за намалување на штетните гасови

48

Кина на виртуелен самит за климатски промени најави амбициозен план за намалување на емисијата на штетни гасови до 2030 година.

Кинескиот претседател Кси Џинпинг најави дека неговата земја за 10 години ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 65% во однос на нивото од 2005-та година. Според Ројтерс, тоа се поклопува со целта што Кина ја зацрта во 2015-та година, кога вети дека ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 60 о 65% до 2030 година.

На виртуелниот самит, во организација на Обединетите нации, Велика Британија и Франција на петгодишнината од донесувањето на Парискиот договор за клима, Кси рекол дека обновливите извори на енергија ќе чинат 25% од кинеската потрошувачка до 2030 година. Во текот на минатата година, тој удел би 15,3%.

Повеќе од 70 светски лидери учествуваа на еднодневниот виртуелен самит којшто има за цел да поттикне намалување на емисијата на штетни гасови со цел да се зачува планетата.

Фото: Freepik