Кина ја надмина Америка по вкупно богатство

61

Кина ги надмина Соединетите Американски Држави според националното богатство, соопшти меѓународната консултантска компанија McKinsey and Co.

Богатство на Кина се зголеми драстично во последните две децении и се зголеми 17 пати, од седум милијарди во 2000 година, на 120 милијарди долари во 2020 година, се вели во анализа на добро позната консултантска компанија, пренесува Блумберг.

Вкупното светско богатство исто така се зголеми, од 160 трилиони во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година.

Извештајот анализира 10 земји во светот кои поседуваат вкупно 60 отсто од светскиот бруто домашен производ, а тоа се Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Мексико, Шведска, Велика Британија и САД.

Кога станува збор за подемот на Кина, тој беше забрзан со влезот на земјата во Светската трговска организација во 2000 година, според аналитичарите на McKinsey.

Соединетите Држави, кои и го отстапија првото место на Кина, го удвоија своето национално богатство во последните 10 години, така што сега изнесува 90 милијарди.