Кина ја престигна Јапонија и извезла најмногу возила во 2023 година – 4,41 милиони

68

Кина е на пат да стане најголем светски извозник на автомобили за прв пат, благодарение на големиот извоз на возила во Русија и Мексико, но и зголемената употреба на електрични возила (ЕВ).

Кина извезла 4,41 милиони автомобили од јануари до ноември, што е за 58 отсто повеќе од истиот период минатата година, покажаа прелиминарните податоци од Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM).

Тоа ја става Кина пред неодамнешниот извозен лидер, Јапонија, која и покрај порастот од 15 отсто, извезла 3,99 милиони возила во првите 11 месеци од оваа година, пренесува Nikei Asia.